ВИДЕО: ВМРО ДПМНЕ пак во опозиција во Струмица, Витанов се пишмани

Советникот во општина Струмица кој вчера заедно со советниците од ВМРО ДПМНЕ објавија дека тој преминува кај нив, со што СДСМ го загуби мнозинството во Советот, денеска се пишмани. Тој тврди дека бил изманипулиран од ВМРО НП и Љубчо Георгиевски и затоа си поднесува оставка од оваа партија , а понатуму ќе делува како независен советник, но  поддржувајќи ја советничката група на СДСМ – изјави денеска Витанов.

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-НП во Струмица, Ристо Пецев, му даде поддршка на Витанов и го прифати објаснувањето  дека бил изманипулиран.

Вчера, ВМРО ДПМНЕ, заедно со Витанов одржаа прес конференција на која беше прогласена победа во Струмица. Ова беше пренесувано во живо на провладините телевизии.
Витанов во 2013 стана советник благодарејќи на коалицирањето на ВМРО НП со СДСМ.
АКО.мк