ВИДЕО: Во интерес на граѓаните е што побрзо формирање Влада

,,Од прилика сите го имате доловено амбиентот на разговорите со комесарот Хан, главна тема на разговорите и како еден заклучок е Македонија дека мора да ги забрза процесите, што побрзо формирање Влада е од интерес на граѓаните и на целата наша земја“-рече Заев по разговорот со Хан во Собрание на РМ.

,,Секако разговарајќи за сите тие детали навлеговме од она што е најголемо очекување на граѓаните, така и на ЕУ, а тоа се итните реформски приоритети. Како што знаете коалицијата предводена од СДСМ, огромен дел од својата кампања, платформа, она за што се залага е да биде целосно посветена на реформските приоритети, согласно Извештајот на Европската Унија, Извештајот на Прибе, впрочем тоа е едно од најголемите очекувања на граѓаните, од коишто се очекува и да се подобри економскиот живот на сите во Македонија.

Согласно тоа остануваме во надеж дека треба да се направи се и ве уверувам дека ние како коалиција предводена од СДСМ правиме се, час поскоро да го завршиме процесот на собирање на потписите, за да можеме да влеземе во преговори за формирање Влада на Република Македонија“-изјави Заев.