ВИДЕО: Во локални продавници списоци за бесплатно купување за гласачите на Вучиќ

Во Србија се почесто се спомнува дека убедливата победа на Александар Вучиќ во првиот круг од гласањето е резултат на измама. Почнаа и протести на кои се појавуваат претежно млади луќе и кои тврдат дека ќе останат на улиците се до откривање на целата изборна измама. Вчера на портали и на социјалните мрежи се појави снимка, наводно од денот на изборите, направена во една локална продавница, каде што наводно имало список за пазарење на договорени гласачи за Вучиќ:

Тајно направената снимка предизвика големо внимание во соседна Србија и многубројни коментраи. Некои тврдат дека биле сведоци на слични измами, а некои дека видеото е отпосле направено со намера да се води валкана кампања против Вучиќ.
Новоизбраниот Претседател на Србија Александар Вучиќ, веднаш по победата потенцираше дека неговата победа е ,,чиста како солза“. Тој победи со огромна разлика пред останатаите кандидати и освои 56 проценти од гласовите, а второпласираниот само 16 проценти.

АКО.мк