Голден Стејт со фантастична завршница славеше победа над Торонто 106-105 и намали на 3-2 во финалето за титулата.

Кевин Дурент повторно се повреди откако се врати на теренот по еден месец пауза поради повреда.

Кари и Томпсон беа инспиратори на победата на Голден Стејт со 31 односно 26 поени на мечот. Следниот натпревар се игра во петок наутро.