Горан Пандев е херојот кај Џенова во победата над Јувентус со 2-0, македонскиот капитен на репрезентацијата го постигна вториот гол на натпреварот а асистираше и при првиот.

Стефано Стураро на асистенција на Пандев го постигна првиот гол во 72 минута, Пандев ја запечати победата на Џенова со гол во 81 минута што е негов трет сезонава .

Јувентус е прв пат поразен по 2017 година на гости, и повторно во Џенова, пред две години загуби од Сампдорија. Џенова со новите три бода има33 и на табелата се наоѓа на 12 место со обебзеден опстанок во калчото. Јувентус и покрај поразот е убедливо прв на табелата со 75 бода и е недостижен за конкурентите во борбата за титулата.