ВИДЕО: Девојче со ангелски глас и свирејќи клавир со прсти од нозе ги занеме и публиката и жирито

Неверојатниот настап  на младата Романка со име Лорелаи ги занеме и расплака публиката и жирито на музичкиот Талент на Романија. Лорелаи има голем физички хендикеп. Таа нема раце, има џуџест раст и тешко се движи. Но, има ангелски глас и свири клавир со прстите од нозете. Нејзиниот настап буквално ги воодушеви и публиката и жирито, но и предизвика бура од емоции кај присутните. Буквално сите плачеа. На крајот се расплака и Лорелаи, откако едногласно влезе директно во финалето.

Погледнето го ова неверојатно видео, со неверојатен настап и емотивна реакција кај присутните:

Видеото со неверојатната Лореали само за 24 часа има милионски прегледи на Youtube и на социјалните мрежи.