Доминик Тим е победник на првиот Мастерс од серијата 100 0 сезонава, славеше победа во Индијан Велс откако во финалето беше подобар од легендарниот Роџер Федерер.

Тим запиша победа со 2-1, по сетови 3-6, 6-3 и 7-5 , мечот се играше 123 минути. За Тим ова е прва титула на Мастерсот од серијата 1000 а го одигра своето трето финале. Со оваа победа 25-годишниот австриец стигна до 12 . титула во кариерата, со тоа го спречи Федерер да дојде до шестата круна на Индијан Велс.

Доминик Тим е првиот австриец по Томас Мустер 1997 кој победил на Мастерс од серијата 100, иако е специјалист за земјена подлога успеа да слави на Индијан Велс.