Лука Дончиќ беше на чекор до „трипл-дабл“ на мечот со Мајами кој неговиот Далас го загуби со 112-101. Дончиќ мечот го заврши со 18 поени, 12 скока и 9 асистенции.

Денвер го победи Сакраменто со 120-118, Јокиќ го оствари својот 28. „трипл-дабл“ а 12 оваа сезона. Јокиќ мечот го заврши со 20 поени 18 скокови и 11 асистенции.

Драматичен меч со три продолженија одиграа Кливленд и Бруклин а славеше Бруклин со 148-139, Расел кај победничката екипа мечот го заврши со 36 поени.