Неверојатен и драматичен меч одиграа Ник Кирјос и Рафаел Надал на АТП турнирот во Акапулко, по 3 часа и 3 минути игра победи тенисерот од Австралија со 2-1.

Супер тенис им приредија Кирјос и Надал на гледачите во Акапулко, мечот траеше 183 минути, Кирјос славеше со 3:6, 7:6 (2), 7:6 (6). Иако се чинеше дека Надал лесно ќе се справи со тенисерот од Австралија особено по резултатот по првиот сет ( 6-3 ), Кирјос не се предаде и во следните два беше подобар од Надал.

Драматично беше во третиот сет, Надал имаше 6-3 во „тај – брејк“, не искористи три меч топки, Кирјос реализираше пет поени во низа и по три часа игра славеше победа, Надал го заврши турнирот по второто коло во Мексико.