Еурофарм Работник поразен од Татабања во Битола со 21-31 , второ коло во ЕХФ Купот. За Работник ова беше втор пораз во групата, претходно загуби и од Хановер.

Гостите од Унгарија поведоа уште од самиот почеток и предноста не ја испуштија до крајот на натпреварот. Првото полувреме Татабања го заврши со позитива од три гола односно 11-14. Во вториот дел Татабања одигра уште подобро, стартуваше со 4-0, Работник првиот гол во второто полувреме го постигна дури во 41 минута. До крајот на мечот, гостите ја зголемуваа предноста , Работник грешеше во одбраната и загуби со конечни 21-31.

Најефикасен кај Еурофарм Работник беше Остроушко со 12 гола, кај победничката екипа Вујовиќ, Јухаж, Роста и Григораш постигнаа по четери погодоци.

Следно за Работник е мечот со Нексе следниот викенд.