ВИДЕО: Заев ги повика партиите што имаат пратеници да не коалицираат со ВМРО ДПМНЕ

Заев им честита на граѓаните на Република Македонија, како што рече, на историската победа. Да ја почитуваме мнозинската волја на граѓаните за живот, наспроти режим, Граѓаните гласаа против криминалот, за промени- рече Заев.

„Резултатите не се конечни. Има разлика во податоците во записниците и ако тие грешки во ИЕ6 се корегираат, соодносот на добиени мандати ќе биде 50:50. Поради констатирани нерегуларности ќе поднесеме и приговори по што ќе се добие вистинската слика за бројот на добиени мандати. Треба да се почека на конечните резултати“, изјави Заев.

Тој најави приговори и очекува праведни одлуки на ДИК. Ги повика членовите на Државна изборна комисија многу внимателно и транспарентно да ги разгледуваат приговорите.

 

Режимот не смее да формира влада, порача денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој порача на   политичките партии што освоија пратеници на овие избори,освен на ВМРО-ДПМНЕ,  да не им текне да ја поништат јасно изразената волја на граѓаните со формирање на коалиција со Никола Груевски.

Прашан кој ќе ја формира владата ако Груевски не го направи тоа, Заев одговори- ако Груевски не формира влада, се знае кој ќе формира влада.