ВИДЕО: Има разлика!

Јавноста и светските медиуми не престануваат да ги скенираат однесувањето и првите потези на новиот американски претседател Доналд Трамп, како на политичката сцена, така и неговите манири и однос кон другите луѓе. Најновата видео компилација направена од  Independent го открива нималку џентлменскиот начин на однесување на  Доналд Трамп кон неговата сопруга Меланија.

Овој медиумски сервис во најновото издание на својата интернет страница го обвинува Трамп дека лаже. Имено, во обраќањето пред агентите на ЦИА, американскиот претседател остро ги нападна медиумите дека лажат, а дека фоторепортерите се најнечесните професија во светот. Тој се разлути заради тоа што медиумите известуваа дека за време на неговата инаугурација имало неколку стотици илјади присутни граѓани и дека пред 8 години на инаугурацијата на Обама имало блузу 2 милиона народ.

Тие гледаат 200, 500, 800 илјади, јас гледам еден милион и 200 илјади луѓе-рече Трамп.

Индепендент објави компаративна фотографија како доказ на која инаугурација имало повеќе луѓе :

AKO.mk