Интер се враќа со гол позитива од гостувањето кај Рапид во Виена, запиша победа со 1-0 со голот на Лутаро Мартинез од пенал во 39 минута.

Иако Интер играше без Икарди кој поради недоразбирањата со клубот не беше во составот за овој меч, екипата од Милано стигна до важна победа која и ветува прогрес во следната рунда во Европа лигата.

Супер изненадување приреди Бате Борисов, екипата од Белорусија го победи Арсенал со 1-0 со голот на Драгун во 45 минута. Арсенал има тим кој на фудбалската берза според „Трансфермаркт“ вреди 615 милиони, односно 60 пати повеќе од БАТЕ но не успеа од Белорусија да се врати со позитивен резултат.

Лацио загуби во Рим од Севиља со 0-1, Галатасарај поразен дома од Бенфика 1-2, на останатите средби одиграни од 19 часот, Славија Прага – Генк 0-0, Краснодар -Леверкузен 0-0, Рен – Бетис 3-3 и Олимпијакос – Динамо Киев 2-2.