Интер славеше на гости минимално против Парма со 1-0 и ја прекина мини серијата од два порази во низа.

Победничкиот гол го постигна Мартинез , за Интер тоа е прв гол по 367 минути игра на последните три натпревари. Икарди е во голгетерска криза, веќе седум натпревари се нема запишано во листата на стрелците.