Околу 1500 навивачи на Динамо Загреб се во Чешка дел од нив се судрија со полицијата пред мечот меѓу Викторија Плзен и Динамо Загреб.

Како што јавуваат медиумите од Чешка, половина од навивачите на Динамо Загреб немаат билети, незгодните „Бед Блу Бојс“ веќе се судрија со полицијата, нема информации за повредени и приведени хулигани. Средбата Викторија Плзен – Динамо Загреб се игра од 21 часот.