Охрид деновиве живее празнични Велигденски денови, но за жал исушените палмини дрвореди ги пречекаа многубројните туристи. Иако е повеќе од очигледно дека палмите кои беа засадени пред две-три години и во овој град со исклучително свежи зими, се исушени сите до последна, тие се уште може да се видат насекаде низ градот.

Во Охрид беа засадени околу 200 палми, но ниту една не издржа на студот во зима и сега се само грди исушени долги влакнести стебла.

За среќа во Охрид има и убави нешта, како на пример овие расцветани јапонски цреши:

 

АКО.мк