ВИДЕО: Кога пропагандата ќе убеди граѓани дека коалиција ДПМНЕ-ДУИ е добра, а СДСМ-ДУИ погубна

Силата на пропагандата што ја спроведува ВМРО ДПМНЕ дефинитивно има резултати, но и и почва на овие простори. Колешката Моника Талеска за Цивил медиа направи анкета за очекувањата на граѓаните од новата Влада.

,,Се надевам дека сте Македонка“, ми рече оваа граѓанка, одговарајќи на анкетното прашање на ЦИВИЛ, за очекувањата од новата влада-пишува Талеска на својот ФБ профил.
Погледнете го клипот и чујте ги размислувањата на оваа граѓанка, која е исплашена од коалицирањето на СДСМ и ДУИ, но не од коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ. Нејзе и стана се јасно, како што вели, кога дозна дека раговорот го води со екипа на ЦИВИЛ, што ја сочинуваа: една Македонка, еден Ром и еден Албанец …

 

Извор: Цивил медиа