На митингот на ВМРО ДПМНЕ во Вевчани, меѓу другите , присуствуваше и некогашниот премиер на Словенија, во меѓувреме правосилно осуден на двегодишна казна за злоупотреба на службена должност, Јанез Јанша, кој дојде да му даде поддршка на Груевски, а рече дека ќе отвори шампањско во Словенија за победата на Угриновски.

Но, она што го привлече нашето внимание е моментот од почетокот на видеото, каде се гледа како лидерот на ВМРО ДПМНЕ , Никола Груевски, му држи чадор на еден човек на дождливото време, кој простум стои до него. Кој е човекот? Па, немаме информација,можеби некој од читателите ќе помогне, но интересно е да се види како се менуваат времињата, нели?