Навивачите на Лацио и Севиља предизвикале низа инциденти во Рим вчера пред натпреварот меѓу овие две екипи кој се игра вечерва во рамки на Европа лигата.

Според информациите од Рим, има сериозно повредени навивачи, двајца се хоспитализирани а петмина се приведени по крвавата тепачка , тројца се државјани на Шпанија , има повредени случајни минувачи од Англија и Америка кои се нашле на погрешно место во погрешно време.

Инцидентот се случил меѓу навивачките групи на Лацио и Севиља, од Шпанија се очекуваат околу 1500 навивачи за средбата вечерва на „Олимпико“ која започнува од 18-55 часот.

]