Леброн Џејмс уште еднаш беше најдобар поединец кај ЛА Лејкерс, тој со „трип-дабл“ му донесе победа на својот тим против Бостон , меч кој имаше драматична завршница со конечни 129-128.

Џејмс натпреварот го заврши со 28 поени, 12 скока и 12 асистенции, најефикасен во Бостон беше Кајри Ирвинг со 24 поени.

Резултати :
Индијана – ЛА клиперс 116:92
Орландо – Минесота 122:112
Атланта – Торонто 101:119
Бостон – ЛА лејкерс 128:129
Оклахома – Мемфис 117:95
Портланд – Сан Антонио 127:118