Видео: Ленард побрз од сирената Торонто во финале на Источната конференција

Торонто ја победи Филаделфија со 92-90 и со 4-3 во победи обезбеди финале во Источната конференција во плеј-офот.

Кавај Ленард беше херојот кај Торонто, тој во последните моменти од мечот погоди за победа на својот тим. Ленард погоди буквално со звукот на сирената.

Ленард натпреварот го заврши со 41 постигнат поен, 8 скока и 3 асистенции. Торонто во финалето на Истокот ќе се сретне со Милвоки кој во полуфиналето со 4-1 беше подобар од Бостон Селтикс.