Ливерпул е нов првак во Лигата на шампионите , во финалето го победи дебитантот на заврните натпревари, Тотенхем со 2-0, по еден гол во двете полувремиња.

Ливерпул брзо го отвори со гол мечот, пенал беше досуден по само една минута игра. Салах реализираше од единаесет метри за водство 1-0. Овој резултат беше актуелен се до 87 минута, Ориги погоди за 2-0 и стави точка на овој не така интересен финален натпревар во Мадрид во кој Тотенхем не успеа да направи пресврт.

За Ливерпул , ова е шеста титула во клупската историја во Лигата на шампионите.