ВИДЕО: Лидерот на Беса Билал Касами безбедно и спокојно евакуиран среде линч на пратениците

Тетовскиот портал ТетоваСот објави видео на кое се гледа дека лидерот на БЕСА, Билал Касами е евакуиран од полицијата преку еден од споредните излези на Собранието и го напушта местото непосредно пред упадот.

 

БЕСА не гласаше за изборот на Талат Џафери за спикер.  Нивен пратеник провоцираше со пеење на албанската химна во македонскиот Парламент. Останува мистеријата како и зошто Касами го напушти Собранието, зошто само него специјалци го евакуираа и впрочем, зошто дополнително провоцираа со пеење албанска химна кога беше тензично во Собранието?