Општа тепачка се случила на меч од ватерполо шампионатот во Рисија меѓу ватерполистите на Синтеза и Спартак Волгоград.

Поради големата одалеченост и временските зони во Русија е пракса да се одиграат два меча на гости со ист домаќин. Така беше и на натпреварот меѓу Синтеза и Спартак Волгоград минатиот викенд во Казањ , на саботниот меч беше мирно но на неделниот дојде до невиден скандал, тепачка меѓу ватерполистите на двете екипи.

Според медиумите од Русија, првата средба во саботата ја добила екипата на Синтеза со 8-7, следниот ден при водство на Спартак Волгоград со 9-6 на четери минути пред крајот нервите попуштиле кај капитенот на домашните Сергеј Одинцов при што дошло до физичка пресметка меѓу играчите на двата тима.

Руската ватерполо федерација го испитува целиот инцидент и наскоро се очекуваат санкции за клубовите и играчите.