ВИДЕО: Моментот од страшната трагедија во која загина синот на сопственикот на Џамбо

Во страшна трагедија која ја предизвика синот на сопственикот на познатата грчка трговска марка Џамбо, покрај 24 годишниот Џорџ Вакакис, загинаа и мајка со дете кои се наоѓале во автомобил паркиран до еден од тоалетите на автопатот Атина-Ламија.

Како што пренесуваат грчките медиуми, возачот на возилото марка Порше со огромна брзина удри во објектот од тоалетот и возилото марка Хонда во кое се наоѓале мајката и детенцтео. Сето ова се случувало пред очите на таткото на детето, кој застанал за да оди во тоалет. Очевидци велат дека двете возила пламнале во оган, што може да се види и од видеото од надзорните камери.

Во трагедијата загина и другар на возачот, кој седел на совозачкото место.