Челзи го прегази Динамо во Киев со 5-0 и со вкупни 8-0 обезбеди четвртфинале во Европа лигата. Оливер Жиру постигна хет-трик на овој меч.

Наполи загуби од Салцбург со 3-1 но благодарение на победата од 3-0 во Неапол обезбеди пласман меѓу осумте најдобри.

Валенсија е во четвртфиналето поради победата од првата средба со 2-1, на ревашот кај Краснодар одигра 1-1, Валенсија постигна израмнувачки гол во 90 минута.