Словенецот Лука Дончиќ импресионира во својата прва сезона во НБА лигата, со само 19 години и 343 дена го собори рекородт на Леброн Џејмс , Дончиќ одново запиша „трипл-дабл“ што е негов трет за само 16 дена.

Со третиот „трипл-дабл“ , Дончиќ го надмина рекородт на Леброн Џејмс кој ова остварување го запиша со 20 години и 100 дена во првата сезона во НБА, сега границата ја помести малдиот словенец кој е нов сопственик на овој рекорд. Дончиќ има фантастична сезона, во победата на Далас против Шарлот 99-93, учествуваше со 19 поени, 11 асистенции и 10 скокови, беше најефикасен на натпреварот и со 19 години и 343 дена стана најмладиот дебитант во историјата на НБА со три пати остварен „трипл-дабл“.

Резултати:

  • Бруклин – Денвер 135-130
  • Чикаго – Њу Орлеанс 120-125
  • Милвоки – Вашингтон 148-129
  • Јута – Феникс 116-88
  • Сакраменто – Хјустон 101-127
  • Голден Стејт – Сан Антонио 141-102