ВИДЕО: Објавена снимка од убиството на братот на севрнокорејскиот лидер

Снимката од безбедносните камери на аеродромот во Малезија,  од моментот на нападот врз полубратот на лидерот на Северна Кореа, доспеа до медиумите. Имено, на снимката се гледа како една жена во бела маичка  му се доближува одзади на  Ким Јонг, му ја врти главата кон неа и го прска со смртоносна течност, а потоа со брзи чекори излегува надвор.

Видеото го емитуваше телевизија во Јапонија, а е направено на 13 февруари на аеродромот во Куала Лумпур.

Полицијата во Малезија уапси 4 осомничени лица за овој напад, две жени и двајца мажи, а 4 државјани на Северна Кореај кои избегале на денот на нападот, се уште се трага.

По ова убиство, политичките односи меѓу Малеизја и Северна Кореја се крајно затегнати, бидејќи Малезија одби да го предаде телото на убиениот и направи обдукција.
Убиениот полубрат на севернокорејскиот лидер живееше во Макао и јавно зборуваше против него и останатиот дел од семејството кое владее диктаторски со Северна Кореја.