Видео од апсењето на осомничениот за нападот во клубот ,,Реина” во Истанбул

Турските медиуми јавија дека е уапсен напаѓачот на ноќниот клуб во Истанбул, кој за време на Новогодишната ноќ изврши масакр убивајќи 39, а 50 луѓе ранети.

Полицијата го уапсила во предградие на Истанбул во куќа на негов пријател од Киргистан.

Се работи за Узбекистанецот Абдулкадир Машарипов.

Одговорноста за терористичкиот напад во ноќниот клуб ја презеде Исламска држава.