Градоначалникот на струмичко Ново Село, Боро Стојчеев, од редовите на СДСМ, е приведен за шверц со цигари.

Како што соопшти МВР, на 10/11.07.2018 година околу 19 часот од страна на полициски службеници при СВР Струмица во близина на с. Баделен општина Ново Село, запрени се две моторни возила натоварени со картонски кутии со цигари. Во едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари, а било управувано од страна на Б.С. (54), со сопатник Ј.С.(49) од с. Ново Коњарево. Во другото возило управувано од Г.С. (24) со совозач С.В (26) од с. Ново Коњарево,биле натоварени 35 штеки цигари и една кутија со 49 штеки цигари и една штека со девет кутии.

При преземањата на потребните мерки и дејствија лишено од слобода е и лицето М.Т (52) од с.Самоилово, кој управувал моторцикл марка „Hamachi“ без регистарски таблици.

При превземање на мерки во обид за бегство на второто возило, од страна на полициски службеници биле испукани два предупредувачки куршуми. Извршен е увид од страна на СВР Струмица во присуство на Јавен обвинител.
Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, а пронајдените кутии со цигари се одземени. СВР-Струмица работи на целосно расчистување и документирање на случајо, се вели во соопштението на МВР.

Боро Стојчев она последните локални избори победи вио Ниво Село како кадар на СДСМ . Тој оссвои 2.833 гласови наспроти својот противкандидат, тогашен градоначалник, Блажо Велков од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 2.392 гласови, додека третиот кандидат, Драган Трајков освои 135 гласови.