Видео снимките од изгорениот автобус во кој се превезуваа ученици од Унгарија кои се враќале од зимски распуст во Франција што ги објавија италијанските медиуми, покажуваат каква страшна трагедија се случи на автопатот кај Верона. Според последните информации во автобусот имало 50 патници меѓу кои и возачот, кој најверојатно е Французин, со своето семејство. Се претпоставува дека и тие се меѓу 16-мината загинати.

Автобусот во текот на изминатата ноќ првин удрил во еден столб, а потоа се запалил. Децата кои биле во него се на возрсст меѓу 14 и 18 години. 39 се тешко повредени, од кои 10 се во критична состојба.