ВИДЕО: Поднесена кривична пријава против напаѓач на екипата на порталот а1он

Министерот за внатрешни работи Агим Нихиу на заедничка прес конференција со претседателот на ЗНМ Насер Селмани во просториите на здружението, објави дека е поднесена  кривична пријава против еден од напаѓачите на екипата на А1он.

Според него, СВР Скопје во наредните денови ќе поднесе кривична и против други лица кои се осомничени во случајот.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани рече дека ова е нова страница каде за првпат МВР решава толку брзо случај на напад на новинари.

Извор:а1он