ВИДЕО: Потписи за 61 пратеник, па мандат

 

,,Дојдовме овде на покана на претседателот на државата за да го добиеме мандатот, за да се обидеме да формираме Влада. На состанокот беа разговарани сите детали и ни беше укажано дека како второпласирана партија со број на мандати, не можеме да добиеме мандат за формирање на Влада,,-изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев по средбата со Иванов.

,,Укажувањето беше дека треба да докажеме ние дека имаме мнозинство, согласно Уставот, за формирање на Владата, а тоа е 61 пратеник најмалку – како доказ со својот потпис да биде доставено до кабинетот на Ѓорге Иванов, со што дури тогаш ќе добиеме мандат за формирање Влада.

Тоа се деталите од разговорите. Согласно тие детали ние ќе ги донесеме нашите одлуки и согласно тоа, секако, ќе ја информираме јавноста, за начините како понатаму ќе постапиме,,-рече Заев.