Гордон Бенкс поранешен легендарен голман на Англиската фудбалска репрезентација почина на 81 година во Шефилд.

Бенкс со Англија стигна до титулата Светски шампион во 1966 година што е единствена за оваа земја на Мундијалите. Бенкс направи „чудо“ на СП 1970, кога на Пеле  му одбрани еден удар со глава и спречи радост на легендарниот бразилец. Бенкс бранеше на вкупно 628 натпревари а за Англија запиша 73 меча.