ВИДЕО: Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Стевананџија своите деца од 2 и 3 години ги оставал дома сами

Скандалозно признание на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Димитар Стевананџија. Тој денеска од собраниска говорница призна дека во 2011 година своите две малолетни деца од 2 и 3 години ги оставал дома сами сосема сами. Стевананџија ова го изјави , се чини несвесно, во желба да му контрира на пратеникот на СДСМ Хари Локвенец кој претходно рече дека Стевананџија и неговите партиски другари треба да се срамат што му испраќаа неодамна дома ,,плукачи“ кои ги вознемириле неговите деца:

Хари Локвенец исто така го критикуиваше и однесувањето на директорот на прилепската гимназија кој помина неказнето за злоупотреба на службената положба и политичко агитирање меѓу учениците:

 

Десетина прилепчани пред неколку недели  затропаа на вратата од домот во којшто живее пратеникот од СДСМ од Прилеп Хари Локвенец и на неговите малолетни децаим  предадоа покана и знаме со барање да се приклучи на протестот на „Иницијативата за заедничка Македонија“. Тие се претставија како членови на македонското патриотско здружение „Пере Тошев“, а целата акција ја снимиле со мобилен телефон. Локвенец во тие моменти не бил дома.

АКО.мк