ВИДЕО: Првиот бакнеж на Макрон со професорката по глума кога имал само 15, а таа 40 години

Светските медиуми не престануваат да се занимаваат со љубовната приказна на потенцијалниот француски Претседател Емануел Макрон и неговата 25 години постара сопруга Брижит Троњ.

Медиумите коментираат дека всушност тој бил заведен од својата 40 годишна професорка по глума во 1992-3 година, бидејќи  тогаш речиси бил дете и имал само 15 години.

Кога Макрон одел во средно училиште и бил прва година, Троњ имала 40, била во брак и имала три деца од кои едното било на возраст на Емануел. Но, тоа не и пречело таа да стапи во љубовна врска со него, а тој на 16 години кога заминал во Париз да го продолжи школувањето, да и вети дека ќе се врати и ќе ја побара за жена.

Една француска национална телевизија подготви документарне филм за оваа необична приказна, која доколку била откриена тогаш, можела да резултира со обвинение за зеведување на малолетник.

Инсертот од  документарецот во кој е прикажан првиот бакнеж меѓу Емануел Макрон и неговата 25 години постара професорка  Брижит Троњ, со која веројатно  уште тогаш биле во љубовна врска:

 

Видео-снимаката деновиве е актуелизирана по победата на Макрон во првиот круг од претседателските избори, а  ,,Мирор“ коментира дека таа му честитала како и на другите од драмската секција, но анализираат, дека кога тој го зел микрофонот се насмеал и погледнал во неа со поглед кој кажува нешто.

Двојката се венчала во 1997 година откако Брижит го напуштила сопругот со кој има три деца некои на возраст на нејзиниот сегашен сопруг. Долго време одбегнувале да се појавуваат во јавност, се до минатата година кога Макрон објавил дека ќе се кандидира за Претседател на Франција.
Медиумите додаваат дека родителите на Емануел воопшто не биле среќни кога разбрале за љубовната врска на нивниот син со 40 годишната наставничка, дури се обиделе и да ги раздвојат, а неговиот татко , наводно, побарал од Брижит да се држи пиодалеку од Емануел, барем додека не наполни 18 години.
Сега, најверојатно професорката по глума која со 40 години го завела малолетниот Еманул Макрон, ќе биде Прва дама на Франција.