Видео приказна за Балканот и ледената прекривка

Целиот Балкански полуостров е окован со ледена прекривка. Замрзнати се реките и езерата во Србија и во Македонија, змрзнува морето во Далмација. Дубровник и Сплит се под снег и минусни температури. Во Босна и Херцеговина три лица починаа од студ за едно деноноќие, десетина починаа во земјите од регионот. Десетици села во Србија се отсечени од светот. Надвор маче и куче спијат заедно.Температурите се под нулата, дневните се движат од -10- до -5 степени, а ноќните паѓаат до -27.

Al Jazeera Balkans направи видео приказна за Балканот окован со мраз.