Францускиот шампион ПСЖ триумфално на „Олд Трафорд“ , со 2-0 предност по првиот меч со Јунајтед и речиси го обезбеди четвртфиналето во ЛШ.

ПСЖ иако играше без тројца стандардни играчи сепак успеа да го надигра Јунајтед и запиша победа со головите на Кимпембе и Мбапе во второто полувреме и го трасираше патот кон четвртфиналето.

За Јунајтед под раководство на Солскјер ова е прв пораз на 12 официјални средби и веројатно ќе значи елиминација во Лигата на шампионите. Реваншот на „Паркот на принцевите“ е закажан за 6 март.