ВИДЕО: Путин со видео порака им се обрати на жените на Русија

„Вие пополнувате се со вашата убавина и животна енергија, греете со нежноста и великодушноста, создавате атмосфера на топлина, гостопримство, хармонија. Со вашата постојана грижа за децата и внуците, за своето семејство… вие немате одмор. Ние често се прашуваме како успевате во сето тоа? Меѓутоа, главно е дека ние ве сакаме и ве цениме,“ -им се обрати на жените во Русија Претседателот Владимир Путин, пренесува Макфакс.

.Претседателот нагласи дека не е чудно што мажите со векови на жените им посветувале музика, стихови. Тој потсети на стиховите на поетот Константин Балмонт за жената, пренесува Sputnik.

„Жената е со нас кога се раѓаме,
Жената е со нас во нашиот последен час,
Жената е нашето знаме кога се бориме,
Жената е радост кога ќе ги отвориме очите“.