Тотенхем одигра перфектен натпревар против Борусија Дортмунд и запиша победа со 3-0, сите голови беа реализирани во вторите 45 минути од мечот. Англичаните имаат резултат кој ги води во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Тотенхем поведе со голот на Сон по само две минути игра во второто полувреме. Предноста беше удвоена во 83 минута кога Вертоген погоди за 2-0 .

Кога се чинеше дека тоа ќе биде конечен резултат на „Вембли“ во 86 минута Љоренте погоди за 3-0 резултат кој ширум ги отвори вратите за Тотенхем кон пласман во четвртфиналето.

Реванш натпреварот се игра на 5 март во Дортмунд.