ВИДЕО: СДСМ работи на брзо и ефикасно составување Влада

СДСМ работи на брзо и ефикасно составување ново парламентарно мнозинство, одговори на новинарско прашање портпаролот на партијата Петре Шилегов. Тој одговараше и на други поставени прашања:

Медиуми: Почнавте ли со преговори за составување на парламентарно мнозинство?

Шилегов: Кажавме во текот на вчерашниот ден, СДСМ работи на брзо и ефикасно решение за обезбедување на составување на новата влада. Граѓаните да не се грижат промените за кои гласаа на 11 декември бргу ќе следуваат.

 

Медиуми: Верувате дека ДУИ ќе ви даде поддршка?

Шилегов: Ви одговорив мислам, работиме на брзо и ефикасно решение за добивање на мандатот.

Медиуми: Кога ќе имате средба?

Шилегов: Значи, работиме на тоа, во моментот кога ќе можеме да ги споделиме информациите ќе бидат споделени со јавноста, јавно и транспарентно ги влечеме потезите уште во текот на изминативе две години, се што е зрело за сподеување како информација за јавноста ќе биде споделено на време.

Медиуми: Останува СДСМ на тврдењето дека ДУИ е дел од криминално –тендерска групација, Али Ахмети е директно вклучен во тоа?

Шилегов: Кажавме дека лицата кои се под истрага на СЈО, а кои учествувале во криминални дејности, не можат да бидат дел од новата влада на Македонија.

Медиуми: Ахмети упати апел и до ВМРО ДПМНЕ и до СДСМ да седнат на заедничка маса бидејќи сметаат дека излезот од кризата е само ако седнат и се договорат?

Шилегов: За мене е прашањето или за господинот Ахмети?

Медиуми: За вас, за СДСМ?

Шилегов: Значи кажавме, повторуваме во Македонија граѓаните гласаа за промени, таква влада и ќе добијат.

 

Медиуми: А, на Иванов ќе му доставите ли програма?

Шилегов: СДСМ е веројатно единствената политичка структура којашто се залага за доследно спроведување на законите во рамки на институции којшто не се партизирани. Ѓорѓе Иванов одбра, кажавме и во текот на вчерашниот ден, да биде покровител на криминалот на Никола Груевски. Никаде во закон, никаде во Устав не постои обврска на мандатарот,  како Претседателот на државата до давателот на мандатот да достави програма достави програма за работа на владата. Програмата за работа на владата ја разгледува и усвојува Собранието преку пратенците.