ВИДЕО: Сензација на Вимблдон,елиминирана првата тенисерка на светот

Сензација на почетокот на втората недела на Вимблдон. Американката Алисон Риске ја елиминира првата носителка и број еден на ВТА листата, Ешли Барти.

Риске мечот од осминафиналето го доби во три сета. Најпрво го загуби првиот сет со 6-3, но во следните два триумфира со 6-2 и 6-3.

Пласманот во четвртфиналето е најголем успех на Вимблдон во досегашната кариера на Риске. Таа за противничка во следната рунда ја чека победничката од мечот помеѓу Серена Вилијамс и Карла Суарез-Наваро. Риске е 55 тенисерка на светот и за неа ова беше четврти меч во Лондон кој го доби во три сета.