Словенија го доби првото полувреме со голот на Зајц во 34 минута, ние не искористивме две супер шанси.

Словенците искористија една грешка во нашата одбрана и го добија првиот дел со еден предност. Зајц ја матира нашата одбрана во 34 минута по центаршутот на Шпорар.

По водството на домашните, Македонија имаше две супер шанси, Пандев во 37 минута имаше идеална шанса, Барди пред крајот на првиот дел од идеална позиција не донесе израмнување.