ВИДЕО: Снимена смртта на жената во пожарот што пожарникарите го гасеа со шолја од чај

Ново видео од завчерашниот пожар во Сараево ја вознемири јавноста. Странец кој го снимал целиот настан и го коментира патем , го постирал на Youtube. Од видеото се гледа како жената вреска и моли за помош, но огнот се разгорува и таа потоа паѓа зад отворениот прозорец и не се појавува веќе:

Вчера објавивме видео на кое се гледаше како пожарникар го догасува огнот со кофа вода и шолја од чај.

Тие рекле дека кога дошле не работел хидрантот, но подоцна фирмата што ги одржува хидрантите, соопштила дека требале само да се симнат во подрумот и да ја одвртат славината. Во пожарот загинаа две лица.