ВИДЕО: Со владината програма СДСМ гарантира унитарност на државата

,,Со целосно право, како човек и партија позади коишто стојат 67 потписи на пратеници, имам право да очекувам да биде доделен мандат за да направиме обид да формираме Влада. Можеби нема да успееме, но господинот Иванов одлучи тоа право да не го дозволи, објаснувајќи преку две причини. Мудроста, присебноста и толеранцијата не ставија во позиција да имаме разбирање, дури и кога се неразумни ваквите причини којшто ни се дадени. Гледате дека презентиравме програма на новата Влада, за да докажеме дека нема веќе појдовни основи, програми на политички партии, платформи, декларации или изјави, туку има ништо повеќе, ништо помалку – програма на идната Влада на Република Македонија, којашто во својата преамбула има заштита и унапредување на унитарноста на државата, уставниот поредок на Република Македонија, и нашите приоритетни цели, ЕУ и НАТО. И сето она што го има во тој документ е апсолутно, стопроцентно, во функција на тоа, и во функција на целиот интерес на сите граѓани на Република Македонија. Овие денови се обидуваме и преку нашата иницијатива да закажеме собраниска седница, со 67 потписи. Денеска генералниот секретар на СДСМ во името на сите 67 потписници, колеги пратеници, доставивме иницијатива за продолжување на конститутивната седница којашто не беше завршена, за да заврши третата и четвртата точка, за избор на претседател на Собранието. Верувам дека претседателот на Собранието, ќе испрати допис до господинот Иванов, кадешто ќе го решиме и ова проблематично, со 10 дена рок за да биде доделен мандатот. Верувам дека како сериозни, трезвени луѓе кои ја водат државата, како господинот Иванов, тој е претседател на Република Македонија, а и сите ние коишто сме веќе пратеници во Собранието, и имаме аспирации да ја водиме Македонија, ќе бидеме разумни, ќе се разбереме еден со друг, за да може да и помогнеме, пред се на Македонија и на сите нејзини граѓани. Јас би сакал и на 20, на 21, на 22, дури и порано од тоа да има влада Република Македонија, но секако тоа прво значи закажување на седницата, избор на претседател на Собранието, допис до господинот Иванов, негова одлука кога ќе го даде мандатот. Јас, верувајте, како потенцијален мандатар, нема да дозволам да се трошат 20 дена за преговори за нова Влада. Ќе гледам максимално можно, доколку го добијам мандатот, да ги скратам сите овие рокови за да им заштедиме и на граѓаните и на Република Македонија, време, денови и период за тоа што очекувањата на сите се да има натпревар во државата по пат на дебата, дискусија и се за процеси коишто се одвиваат во Република Македонија, за добробит на државата и на граѓаните, да има една позитивна дебата, натпревар на економски проекти, на идеи и слично како и секоја нормална земја“-изјави Зоран Заев денеска одговарајќи на прашања на новинарите.