ВИДЕО: Со голи гради против забрана за топлес на плажите

Голем  број жени со голи гради излегоа на улиците на   Буенос Ајрес и уште два други аргентински градови протестирајќи против забраната за топлес на јужноатлантските плажи.

,,Тој мачо стил, ние сме сопственици на нашето тело“, коментира една млада жена која се придружи на демонстрациите.

Демонстрациите беа предизвикани од односот на неколку полицајци кон три жени на една плажа, кои беа приморани да го стават горниот дел од нивниот костим за капење. Аргентинците велат дека се истоштени од разните забрани ки им се наметнуваат.

 

АКО.мк, АФП, Агенции