Атлетико го победи Јувентус со 2-0 со головите на Хименез во 78 минута и Годин во 83 минута, претходно со помош на ВАР на Алетико оправдано му беше поништен гол а и сменета одлука за досуден пенал.

Атлетико заслужено дојде до предност по првите 90 минути со Јувентус, тимот на Диего Симеоне повеќе напаѓаше и создаваше шанси, со пеколен финиш во завршните 15 минути стигна до два предност која му најавува пласман во четвртфиналето.

Уругвајците Хименез и Годин го срушија Јувентус практично за 5 минути , сега „старата дама “ има тешка задача на реваншот во Торино да ја анулира преноста на „јорганџиите“. Реваншот во Торино се игра на 12 март.