Тимур Дибиров е дел од најдобрите во 11 коло во Лигата на шампионите. Русинот беше извонреден во победата на Вардар на гости кај РНЛ со 30-27.

Тимур Дибиров постигна седум гола од девет обиди и се најде во изборот на иделаниот тим на колото. Рускиот интернационалец го предводеше тимот кон седмата победа сезонава со што Вардар останува во трка за второто место, иако теоретски има шанса да биде дури и првопласиран.