Николо Заниоло со два гола во второто полувреме и донесе победа на Рома против Порто со 2-1 на „Олимпико“ во Рим.

Заниоло има само 19 години и е вистински херој кај „волчицата“ на вечерашната средба, првиот гол го постигна во 70 минута а само седум минути подоцна и вториот.

Сепак Порто извлече активен резултат за реваншот со голот на Адриан Лопез Переира во 79 минута и го напушта Рим со негатива од еден гол што носи голема неизвесност во реваншот кој се игра за три недели.