Торонто со победата на гости против Милвоки 105-99 поведе со 3-2 во финалето на Источната конференција.

Кавај Ленард со 35 поени, 9 асистенции и 7 скокови беше најдобар поединец на мечот . Торонто имаше негатива од 14 поени во првата четвртина, но со пресврт и серија од 14-2 дојде до позитива и на крајот стигна до победа.